свет

Кина: Патнички авион се запали при полетување

- Евакуирани се 113 патници и девет членови на посадата, а над 40 патници со полесни повреди се префрлени во болница

Emre Aytekin  | 12.05.2022 - Обновена : 13.05.2022
Кина: Патнички авион се запали при полетување Фото: Илустрација / АА

ПЕКИНГ (АА) - Патнички авион се запали при полетување во Чонгкин, во западниот дел на Кина, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите на Централната кинеска телевизија (CCTV), пожарот избил на летот „Тибетан Ерлајнс“ на летот Чонгкин-Нјингчи, додека полетувал од меѓународниот аеродром „Џијангбеј“.

Евакуирани се 113 патници и девет членови на посадата, а над 40 патници со полесни повреди се префрлени во болница.

Патничките и карго летовите на аеродромот се нормализирани откако пожарникарите го изгасија пожарот. Причината за несреќата се истражува.

Авионот „Чајна истернс“ се сруши на 21 март среде лет, при што загинаа 132 лица од авионот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın