свет

Кина лансираше три набљудувачки сателити во вселената

Сателитите кои биле лансирани од Центарот за лансирање сателити „Тајуен“, кој се наоѓа во кинеската покраина Шенси, во претходно планираната орбита биле лансирани со ракетата „Long March-4B“

Fuat Kabakcı   | 12.09.2019
Кина лансираше три набљудувачки сателити во вселената

ПЕКИНГ (АА) - Кина лансираше три набљудувачки сателити во вселената, од кои едниот е поголем, а другите два се мали сателити, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на новинската агенција „Синхуа“, сателитите кои биле лансирани од Центарот за лансирање сателити „Тајуен“, кој се наоѓа во кинеската покраина Шенси, во претходно планираната орбита биле лансирани со ракетата „Long March-4B“.

Сателитот Z-102D, кој е еден од лансираните сателити, е развиен од страна на кинеската Академија за вселенска технологија, а ќе се користи за еколошко набљудување, спречување катастрофи, заштита на животната средина, урбанистичко планирање, како и за управување со природни ресурси.

Z-102D има животен век од пет години, ќе служи на орбитата на Земјата на далечина од 778 километри, а ќе може да ги анализира и светлата рефлектирани од различни руди.

- Кина ќе ги набљудува и половите

Останатите два помали сателити кои тежат по 16 килограми, и се развиени од страна на две приватни компании, ќе бидат користени за набљудување на климите на половите.

Овие сателити имаат животен век од една година, а ќе собираат податоци во врска со промената на температурата на водите на половите и околината, и ќе собираат податоци за глобалните климатски промени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın