Канада не дозволува „Хуавеј“ да учествува во инсталирањето на безжичните 5Г-мрежи
- „[Тоа е] дел од силната стратегија за заштита на нашата национална безбедност“

ТРЕНТОН (АА) - Канада денеска објави дека им забранила на две кинески фирми - телекомуникацискиот гигант „Хуавеј технолоџис“ и ЗТЕ - да учествуваат во безжичните 5Г-мрежи во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за јавна безбедност, Марко Мендичино и министерот за иновации, наука и индустрија, Франсоа-Филип Шампањ, го соопштија тоа на заедничка прес-конференција.
Мендичино рече дека по долга и внимателна студија, двете кинески фирми биле исклучени од конкуренција во инсталацијата на 5Г-мрежата во Канада.
Мендичино рече дека постои премногу „висок ризик“ во дозволувањето на „Хуавеј“ или ЗТЕ да бидат во новата мрежа.
„[Тоа е] дел од силната стратегија за заштита на нашата национална безбедност“, рече тој.
Кина се обвинува за сајбернапади и упад врз канадската Влада и инфраструктура.
5Г е мобилна мрежа од петта генерација дизајнирана да ги поврзува сите и сè заедно, и како таква се справува со исклучително чувствителни материјали.
Овој потег, исто така, ја доведува Канада во согласност со нејзините сојузници во таканаречениот разузнавачки сојуз „Пет очи“, кој претходно му забрани или го ограничи „Хуавеј“ од каква било улога во воспоставувањето на неговите 5Г-мрежи. Земјите од „Пет очи“ се Австралија, Канада, Нов Зеланд, Велика Британија и САД.
„Оваа [забрана] следува по целосен преглед [и] во согласност со нашите сојузници“, рече Шампањ.
Објавата на Канада можеби беше одложена поради конфликтот околу апсењето на главната финансиска директорка на „Хуавеј технолоџис“, Менг Ванжоу во декември 2018 година. Таа беше уапсена на барање на американската Влада, која сакаше таа да се соочи со обвиненија за измама во САД.
Пекинг беше огорчен од апсењето и побара итно ослободување на Менг. Кога тоа не се случи, двајца Канаѓани беа уапсени набргу потоа и затворени во Кина под обвинение за шпионирање.
Менг беше ставен во домашен притвор и долго сослушување за екстрадиција пред конечно да биде ослободен во есента 2021 година.
Обвиненијата против Мајкл Спавор и Мајкл Ковриг беа отфрлени и тие беа ослободени набргу откако Менг беше ослободена и вратена во Кина.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.