свет

Калас: „Советот за надворешни работи на ЕУ ќе разговара за суспендирање на договорот за асоцијација со Израел“

- „Шефот на холандската дипломатија поднесе предлог за преиспитување на член 2 од нашиот договор за асоцијација со Израел и ќе разговараме за тоа“, рече шефицата за надворешна политика на блокот, Каја Калас пред состанокот на советот во Брисел.

Ahmet Gençtürk  | 20.05.2025 - Обновена : 20.05.2025
Калас: „Советот за надворешни работи на ЕУ ќе разговара за суспендирање на договорот за асоцијација со Израел“

АТИНА (АА) - Советот за надворешни работи на ЕУ ќе разговара за суспендирање на договорот за асоцијација со Израел, објави денес шефицата за надворешна политика на блокот, Каја Калас, јавува Анадолу.

„Холандскиот министер за надворешни работи поднесе предлог за преиспитување на член 2 од нашиот договор за асоцијација со Израел и ние ќе разговараме за ова“, рече таа на прагот на состанокот на советот во Брисел.

Истакнувајќи дека хуманитарната ситуација во Газа е катастрофална, Калас рече: „Хуманитарната помош треба да стигне во Газа колку што е можно поскоро.“

„Секако, одлуката на Израел да дозволи дел од помошта да влезе е капка во океанот. Таа е добредојдена, но не е доволна. Илјадници камиони чекаат зад границите. Токму европските пари ја финансираа оваа хуманитарна помош и таа мора да стигне до луѓето“, додаде таа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın