Zlatan Kapic
19 Мај 2025•Ажурирај: 21 Мај 2025
БЕЛГРАД (АА) - Србија им придава особено значење на односите со Турција која, со оглед на нејзиното големо влијание, е важна за стабилноста на целиот регион, изјави денес српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во Белград, известува Анадолу.
„Задоволство ми е што денес го пречекувам министерот Хакан Фидан во Белград. Уверен сум дека нашиот разговор ќе придонесе за натамошно зајакнување на односите меѓу Србија и Турција, кои се карактеризираат со интензивен политички дијалог и сеопфатна соработка, од економија и енергетика до туризам, култура и образование“, напиша Вучиќ во објавата на платформата Инстаграм.
Тој изрази задоволство од фактот дека Турција го потврди учеството на ЕКСПО 2027 во Белград, што е уште една потврда за силно партнерство и меѓусебна доверба.
Турскиот министер за надворешни работи Фидан претходно денес се сретна и со српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ.