Кабул: Во експлозија на автомобил-бомба и престрелка загинаа 10 лица, 29 повредени
- Најмалку 10 лица загинаа, а 29 се повредени во експлозија на автомобил-бомба, проследена со престрелка во главниот авганистански град Кабул

Kabil
КАБУЛ (АА) - Најмалку 10 лица загинаа, а 29 се повредени во експлозија на автомобил-бомба, проследена со престрелка во главниот авганистански град Кабул, соопшти полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на авганистанската национална полиција во Авганистан, Басир Муџахед, за АА изјави дека автомобилот-бомба експлодирал во Шарк-е-Нау, на главниот Автопат „Кабул - Џалалабад“.
Муџахед рече дека цел на нападот биле канцелариите на фирмата за безбедносни услуги, Г4С, која работи за британските трупи.
По експлозијата, четири напаѓачи влегле во зградата и се судриле со безбедносните сили.
„За време на престрелката која траеше околу 10 часа, четворицата напаѓачи беа неутрализирани“, изјави тој.
Муџахед информираше дека во нападот животот го загубиле 10 лица, а 29 се повредени, меѓу кои има и странци.
Во областа се наоѓа и комплекс за странски трупи и агенции за помош.
Одговорноста за нападот ја презедоа Талибанците.