свет

Историската тврдина Киренија во Турската Република Северен Кипар омилена дестинација за туристите

Сместена веднаш до брегот, тврдината претставува еден од главните културно-историски споменици на регионот

Aida Cako  | 12.05.2025 - Обновена : 21.05.2025
Историската тврдина Киренија во Турската Република Северен Кипар омилена дестинација за туристите Фото: Mahmut Serdar Alakuş/АА

​​​​​​​СКОПЈЕ (АА) – Пристаништето во Киренија, едно од најпознатите туристички места во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), го открива импресивниот поглед кон тврдината Киренија, историски симбол кој носи траги од византискиот, венецијанскиот и османлискиот период, јавува Анадолу.

Сместена веднаш до брегот, тврдината претставува еден од главните културно-историски споменици на регионот.

Тврдината е омилена дестинација за посетителите кои сакаат да ги истражуваат минатите цивилизации и да ја почувствуваат историјата одблизу.

ТРСК секоја година пречекува голем број домашни и странски туристи благодарение на своето богато културно наследство, природни убавини и уникатна гастрономија.

Градот Киренија, со своето живописно пристаниште, камени улици и автентична архитектура, нуди неповторливо искуство за сите генерации.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.