Иран разгледува воведување таксa за бродовите што транзитираат низ Ормускиот Теснец
Според полудржавната новинска агенција ИСНА, нацрт-законот предвидува наплата за бродовите што го користат овој витален поморски коридор, кој е еден од најважните патишта за глобалното снабдување со енергенти.
ИСТАНБУЛ (АА) – Иран разгледува законска иницијатива со која би се вовеле такса за земјите чии бродови транзитираат низ стратегискиот Ормуски Теснец, јавија иранските медиуми денес, пренесува Анадолу.
Според полудржавната новинска агенција ИСНА, во нацрт-законот се предвидува наплата за бродовите што го користат овој витален поморски коридор, кој е еден од најважните патишта за глобалното снабдување со енергенти.
Претставник од Техеран изјави дека нацрт-законот има цел да воведе задолжителна наплата и даноци кон Иран за користење на теснецот како „безбеден премин“ за транспорт на стоки, енергија и храна.
„Земјите што имаат корист од безбедноста на поморскиот транзит низ теснецот треба да плаќаат такси и даноци на Иран“, рече тој.
Нацрт-законот доаѓа во услови на зголемени тензии во регионот откако Израел и САД на 28 февруари започнаа заедничка офанзива против Иран, при што досега се убиени околу 1.300 лица, меѓу кои и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.
Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Заливот каде што се наоѓаат американски воени бази, предизвикувајќи човечки жртви и штета на инфраструктурата, истовремено нарушувајќи ги глобалните пазари и авиосообраќајот.
