свет

Иран претстави балистичка ракета од новата генерација

Ракетата „Хејбар“ е најновата и надградена верзија на балистичката ракета „Хорамшахр“, која за прв пат беше претставена во септември 2017 година и беше поздравена како пробив во иранската ракетна програма

Ekipa  | 25.05.2023 - Обновена : 27.05.2023
Иран претстави балистичка ракета од новата генерација

ТЕХЕРАН (АА) - Иран денес претстави балистичка ракета од новата генерација со дострел од 2.000 километри, опремена со боева глава тешка 1.500 килограми, јавува Анадолу.

Ракетата „Хејбар“ е најновата и надградена верзија на балистичката ракета „Хорамшахр“, која за прв пат беше претставена во септември 2017 година и беше поздравена како пробив во иранската ракетна програма.

Како што објавија државните медиуми, новата ракета, четврта верзија на „Хорамшахр“, е дизајнирана од аеровселенската агенција при иранското Министерство за одбрана.

Ракетата е претставена во присуство на иранскиот министер за одбрана, Мухамад Реза Аштиани, по еден ден откако Иран ја одбележа годишнината од ослободувањето на пограничниот град Хорамшахр, важен настан за време на Иранско-ирачката војна 1980-1988 година.

Се смета дека Иран поседува најголем и најразновиден арсенал на балистички и крстосувачки ракети во регионот на Блискиот Исток, поради што често е во конфликт со Западот.

Најистакнатите ракети во арсеналот на Иран се Емад, Фаџр-3, Ашура, Гадр-110, Хорамшахр, Сеџил и Шахаб-3.

„Хејбар“ е најновата верзија на ракетата „Хорамшахр“ и е опремена со еден од најнапредните мотори на течно гориво сместен во резервоар за гориво со намалена големина за 13 метри што создава тактички способности.

Се наведува дека боевата глава на оваа ракета, со димензии од околу 4 метри, е една од најголемите, способна да носи повеќе од еден тон муниција.

Според воените експерти, она по што се издвојува „Хејбар“ од другите ракети од претходните генерации е неговата прецизност во детектирањето цели и приспособувањето на траекторијата во фазата на средината на летот надвор од земјината атмосфера и деактивирањето на неговиот систем за наведување при влегување во атмосферата со цел да не биде пресретната од противвоздушната одбрана.

Нејзиниот поголем дострел, помала големина, поголема прецизност и напреден систем за наведување и контрола е она што ја издвојува од слични ракети во Иран и во регионот, велат воените експерти.

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници често изразуваа загриженост за пролиферацијата на ракетните сили на Иран и воведоа низа санкции насочени кон ракетната индустрија во земјата.

Иран инсистира на тоа дека неговата ракетна програма е „мирнодопска“, но „за која не може да се преговара“, држејќи го лимитот од 2.000 километри на своите ракети како одговор на загриженоста на Западот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın