свет

Иран ги изложи запленетите беспилотни летала на САД, Израел и Велика Британија

Во состав на Саемот во Техеран изложен е „Глобал хавк“ (Global Hawk) и уште 10 беспилотни летала

Muhammet Kurşun   | 21.09.2019
Иран ги изложи запленетите беспилотни летала на САД, Израел и Велика Британија (Fotoreporter: Fatemah Bahrami/ AA)

ТЕХЕРАН (AA) - Иран изложи 10 беспилотни летала на Соединетите Американски Држави (САД), Израел и Велика Британија, запленети во различни периоди, и делови од „Глобал хавк“ (Global Hawk), кој беше срушен минатиот месец, јавува Anadolu Agency (AA).

„Глобал хавк“ е најнапредно беспилотно летало кое американските воздушни сили моментално го користат. Во рамките на Саемот во Техеран изложен е „Глобал хавк“ и уште 10 беспилотни летала. Посетителите можат да го погледнат и иранскиот воздушен одбранбен систем „Хордад-3“, кој го погоди американскиот дрон.

Али Асгар Џафери, директорот на Музејот на иранската револуција и одбрана, изјави дека на Саемот се изложени беспилотни летала на САД, Израел и на други земји, кои ги заплениле додека биле во функција.

Командантот Хусеин Селами изјави дека изложиле само еден мал дел од она што го поседуваат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın