Ирак: Ракетен напад врз базата Ајн ал Асад каде што се сместени американските војници
Ирачката официјална агенција, која ја објави веста, не соопшти никакви информации за тоа кој го организирал нападот и дали има штета.

БАГДАД
Со 10 ракети е нападната воената база Ајн ал Асад, каде што се сместени американски трупи, во провинцијата Енбар во западен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ирачката официјална агенција, која ја објави веста, не соопшти никакви информации за тоа кој го организирал нападот и дали има штета.
Ирачката влада се уште нема издадено соопштение во однос на нападот.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја посети воената база Ајн ал Асад во Енбар на 26 декември 2018 година.