Индија: Пожар во хемиска фабрика, 18 загинати
- Во индискиот град Пену избувна пожар во хемиска фабрика, во кој животот го загубија 18 работници

АНКАРА
Во индискиот град Пену избувна пожар во хемиска фабрика, во кој животот го загубија 18 работници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави „Би-би-си“ (BBC), од засега непознати причини избувнал пожар во хемиска фабрика во индустриската зона Пирангут.
Противпожарните екипи, што дошле на местото на настанот, ги урнале ѕидовите на фабриката за да ги спасат 37-те работници заробени во неа.
Претставниците на власта информираа дека во пожарот животот го загубиле 18 работници.
Премиерот на Индија, Нарендра Моди, изразувајќи сочувство за загинатите работници, објави дека на семејствата на загинатите ќе им биде исплатено обесштетување од 2.800 долари.