свет

Илјадници Палестинци од Западниот Брег пристигнуваат во „Ал Акса“

И покрај сите потешкотии и препреки на Израелците да ги спречат Палестинците да доаѓаат во „Ал Акса“, тие од утринските часови преминуваат преку различни воени точки помеѓу Западниот Брег и Ерусалим

Mustafa Deveci   | 17.05.2019
Илјадници Палестинци од Западниот Брег пристигнуваат во „Ал Акса“

ЕРУСАЛИМ (АА) - Илјадници Палестинци од утринските часови од различни делови на Западниот Брег пристигнуваат во комплексот на џамијата „Ал Акса“ со цел да ја клањаат втората петочна молитва (џума намаз) во текот на месецот Рамазан, јавува Anadolu Agency (AA).

Источен Ерусалим е старото јадро на градот Ерусалим, каде што се наоѓа џамијата „Ал Акса“, која е првата кибла кон која се насочувале муслиманите во текот на молитвата. Освен тоа, во овој град се наоѓаат и најзначајните свети места на христијаните и Евреите.

И покрај сите потешкотии и препреки на Израелците да ги спречат Палестинците да доаѓаат во „Ал Акса“, тие од утринските часови преминуваат преку различни воени точки помеѓу Западниот Брег и Ерусалим. Забележан е голем застој на израелската точка на „ѕидот на раздвојување“.

Контролните точки беа посебни за жените и за мажите.

За да ја изврши петочната молитва во „Ал Акса“, 43-годишниот Исмаил Камил минал 165 километри, од Џенин на Западниот Брег до Ерусалим.

Според палестински извори, минатиот петок џума намаз во „Ал Акса“ клањале над 180.000 муслимани.

Инаку, на Палестинците во текот на месецот Рамазан им е дозволен влез во Ерусалим. За останатите месеци постои забрана за преминување на „ѕидот на раздвојување“.

Меѓутоа, младите Палестинци и покрај сите забрани се обидуваат да влезат во „Ал Акса“. Еден од начините е со прескокнување на бетонскиот ѕид со височина од пет метри, на чиј врв има жица.

Израелските власти од 2000 година почнаа со изградбата на ѕидот на раздвојување на границата помеѓу Источен Ерусалим (Кудс) и Западниот Брег, а тој проект го правдаа со безбедносната потреба за спречување на евентуални напади на израелските населби.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın