свет

Израел тврди дека извршил напади врз иранското седиште за внатрешна безбедност во Техеран

Портпаролот на израелската Армија, Авичај Адрае, соопшти дека израелската Армија извршува напади врз воената инфраструктура во западниот и централниот дел на Иран

Ikrame Imane Kouachi  | 20.06.2025 - Обновена : 21.06.2025
Израел тврди дека извршил напади врз иранското седиште за внатрешна безбедност во Техеран

АНКАРА (АА) - Израел денес потврди дека неговите борбени авиони извршиле напади врз седиштето за внатрешна безбедност на иранскиот режим и седиштето на специјалните единици за внатрешна безбедност во Техеран, јавува Анадолу.

Портпаролот на израелската Армија, Авичај Адрае, соопшти дека израелската Армија извршува напади врз воената инфраструктура во западниот и централниот дел на Иран.

Израелската Армија исто така соопшти дека нејзините воздухопловни сили пресретнале беспилотно летало лансирано кон израелска територија.

Иранските власти сѐ уште не дадоа коментар за соопштението.

Регионалните тензии ескалираа од петокот кога Израел започна координирани воздушни напади врз повеќе локации низ Иран, вклучително и воени и нуклеарни објекти, што го натера Техеран да започне одмазднички напади.

Израелските власти соопштија дека најмалку 24 лица се загинати, а стотици се повредени во иранските ракетни напади од петокот.

Во Иран се загинати 639 лица, а повеќе од 1.329 се ранети во израелските напади, според извештаите на иранските медиуми.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın