свет

Израел: Откриен антички град стар 5.000 години

Се претпоставува дека овој град е стар 5.000 години и датира од Младото бронзено време. Се вели дека патиштата и населбите во овој град биле плански изградени, во чии рамки се наоѓа и еден храм

Mustafa Deveci   | 07.10.2019
Израел: Откриен антички град стар 5.000 години

ЕРУСАЛИМ (АА) - Во северниот дел на Израел (во историските територии на Палестина) откриени се остатоците на антички град за кој се претпоставува дека е стар 5.000 години, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според писменото соопштение на Управата за антиквитети на Израел, за време на градежните работи на патишта близу градот Хариш бил откриен антички град кој бил изграден на површина од 65 хектари, каде се претпоставува дека живееле околу 6.000 лица.

Се претпоставува дека овој град е стар 5.000 години и датира од Младото бронзено време. Се вели дека патиштата и населбите во овој град биле плански изградени, во чии рамки се наоѓа и еден храм.

Според соопштеното, градот бил обиколен со градски ѕидови, а неговите жители се занимавале со земјоделство и трговија.

Во соопштението се вели дека овој антички град нуди нови информации во врска со урбанизацијата во регионот.

„Оваа зона е Њујорк на нашиот регион од Младото бронзено време, и е космополитски и плански град каде живееле илјадници лица“, се додава во ова соопштение.

Од друга страна, за време на ископувањата кои траеле околу 2,5 години, биле откриени 4 милиони парчиња на различни нешта како мали ретки статуи на луѓе и животни и различни алатки.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın