Mustafa Deveci
05 Мај 2024•Ажурирај: 06 Мај 2024
ТЕЛ АВИВ (АА) - Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека нема да го прифати барањето на Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа поради договорот за размена на заробеници, известува Анадолу.
Во видео-порака споделена на својот профил на социјалните мрежи, Нетанјаху зборува за преговорите и договорот за размена на заробеници меѓу Израел и Хамас.
Израелскиот премиер рече дека се подготвени за привремен прекин на огнот во Газа во замена за ослободување на израелските заробеници.
Нетанјаху наведе дека се подготвени да преговараат за размена на заробеници, но дека Хамас инсистира на услови, како што се отстранување на израелските војници од Газа и прекин на напади, а Израел тоа не може да го прифати.
Наведувајќи дека барањата на Хамас не можат да бидат прифатени, Нетанјаху во видео-пораката вели:
„Согласувањето со барањата на Хамас би бил ужасен пораз за државата Израел.“
Нетанјаху тврди дека израелското прифаќање на барањата би била голема победа на Хамас и Иран.
„Израел нема да ги прифати барањата на Хамас кои значат предавање и ќе ја продолжи борбата додека не се постигнат сите цели“, порача Натанјаху.
Интересен е фактот дека оваа изјава на израелскиот премиер доаѓа за време на преговорите за размена на заробениците што се одвиваат во Каиро.
Во изјавата дадена на 30 април Нетанјаху рече дека ќе ги започне копнените напади на Рафа, каде се засолнети раселените Палестинци во Појасот Газа, без разлика дали ќе дојде до размена на заробеници или не.