свет

Израел изврши воздушен напад во Појасот Газа

Израелската Војска наведува дека воените авиони и хеликоптери ја нападнале Газа како одговор на проектил лансиран од Газа кон Израел

Çağrı Koşak   | 16.04.2021
Израел изврши воздушен напад во Појасот Газа Фото: Abed Rahim Khatib/AA

ГАЗА (АА) - Израелската Војска изврши воздушен напад врз цели во Појасот Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Новинарот на АА кој се наоѓа во оваа зона соопшти дека израелската Војска во ноќните часови извршила напад во Газа, и истакна дека нема жртви или повредени.

Меѓу другото, во соопштението објавено на Твитер профилот на израелската Војска се наведува дека воените авиони и хеликоптери ја нападнале Газа како одговор на проектилот лансиран од Газа кон Израел.

Во соопштението се наведува дека целите кои се таргетирани се место за производство на муниција, тунел користен за пренос на оружјае и воена зона на Хамас.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın