Erbil Başay
05 Мај 2024•Ажурирај: 06 Мај 2024
БЕРЛИН (АА) - Протест на поддршка на Палестина се одржа вчера во Берлин, главниот град на Германија, известува Анадолу.
Илјадници луѓе се собраа во близина на метро станицата Вилмерсдорф и маршираа против израелските напади на Појасот Газа и германското снабдување со оружје на Израел.
Демонстрантите кои бараа прекин на геноцидот во Газа ги извикуваа слоганите: „Германија финансира, Израел убива“, „Примирје сега, слобода за Палестина“ и „Стоп за геноцидот“.
На протестот беа упатени критики кон Германија сметајќи дека со испораката на оружје на Израел, таа е соучесник во воените злосторства.
Жаклин Шарл ја критикуваше германската Влада.
„Барам итно запирање на испораката на оружје на Израел и да направат сѐ да се стави крај на геноцидот во Газа“, порача Шарл.