свет

Израелски воени авиони извршија нови воздушни напади во Јемен

Mohammad Sıo  | 26.12.2024 - Обновена : 26.12.2024
Израелски воени авиони извршија нови воздушни напади во Јемен

ИСТАНБУЛ (АА) - Израелските воени авиони денес извршија нов бран воздушни напади во Јемен во услови на зголемени регионални тензии поради израелската геноцидна војна врз Газа, објавија израелските медиуми, пренесува Анадолу.

Новите напади беа насочени кон неколку локации на аеродромот во Сана и пристаништето Ал-Худајда во западен Јемен, соопшти израелската јавна телевизија КАН.

Не се дадени детали за евентуални жртви или за материјална штета.

Нападите се извршени во моментот на телевизискиот говор на лидерот на Хутите, Абдел-Малик ал-Хути.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın