Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди „остра интервенција“ во Газа
- Во соопштението од Кабинетот на израелскиот премиер се наведува дека Нетанјаху се консултирал со министерот за одбрана Израел Кац и безбедносните претставници и по овие консултации наредил остра интервенција во Појасот Газа.

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека наредил „остра интервенција“ во Појасот Газа, под изговор за прекршувања на договорот за прекин на огнот од страна на Хамас, известува Анадолу.
Во соопштението од Кабинетот на израелскиот премиер се наведува дека Нетанјаху се консултирал со министерот за одбрана Израел Кац и безбедносните претставници.
По овие консултации, Нетанјаху наредил остра интервенција во Појасот Газа.
Израелскиот државен телевизиски канал КАН, повикувајќи се на безбедносни претставници, исто така објави дека ќе бидат извршени нови напади врз Газа.
„Се подготвуваме да го интензивираме темпото на нападите во Газа. Тензиите ќе ескалираат“, изјави израелски функционер.
Израел започна воздушни напади врз различни области во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, тврдејќи дека Хамас ги таргетира елементите на израелската армија.
Вооруженото крило на Хамас, бригадите Из ад-Дин ал-Касам, издаде соопштение во кое се наведува дека се посветени на прекинот на огнот и дека немаат никаква вмешаност во настаните во Рафа.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.