Израелската полиција ги нападна Палестинците во околината на Ал Акса
Според писменото соопштение на информативиот центар „Вади Хилве“ кој е палестинската организација за човекови права, израелските сили со пендреци интервенирале врз Палестинците кои се собрале пред вратата на Месџид ал Акса

Израелската полиција интервенираше врз Палестинците кои сакаа да се клањаат пред вратата на Месџид Ал Акса која се наоѓа во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на информативиот центар „Вади Хилве“ кој е палестинската организација за човекови права, израелските сили со пендреци интервенирале врз Палестинците кои се собрале пред вратата на Месџид ал Акса наречена „Ел Есбат“ со цел да клањаат намаз (молитва).
Се наведува дека израелските сили го спречиле клањањето намаз и групата ја оддалечиле од таму.
Се нагласува дека приведени биле некои млади лица кои реагирале против оваа состојба.
Израелската полиција исто така на Палестинците не им дозволи да го одбележат ноќта на Кадир во околината на Месџид Ал Акса.
Инаку, Месџид Ал Акса од 22 март е затворен за вршење обреди поради пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19).