Израелската општина сруши две палестински куќи во Ерусалим
- Екипите на Општина Ерусалим, поврзана со Израел, урнаа два палестински дома во различни делови на окупираниот Источен Ерусалим, со образложение дека немаат дозволи

ЕРУСАЛИМ
Екипите на Општина Ерусалим, поврзана со Израел, урнаа два палестински дома во различни делови на окупираниот Источен Ерусалим, со образложение дека немаат дозволи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од очевидците, израелските сили извршиле рација во бегалскиот камп „Шуафат“ на северот од Источен Ерусалим.
Израелската полиција формираше „безбедносен“ кордон во подрачјето каде што се наоѓаше домот на семејството Ебу Мејале и не дозволи никој да се доближи до двокатна куќа на палестинското семејство, која беше уривана со булдожери од страна на екипите на Општината.
Од друга страна, според официјалната палестинска новинска агенција ВАФА (WAFA), израелските сили исто така ја урнале куќата на семејството Гајс во населбата Ра Хамис во Источен Ерусалим.
Во извештајот е наведено дека израелската полиција привела млад Палестинец кој реагирал на уривањето на куќата.
- Уривањата на Израел во Источен Ерусалим
Израелските власти, кои создадоа тешкотии за издавањето дозволи за градба на Палестинците, уриваат илјадници куќи на Палестинците, со образложение дека немаат „дозвола“ за градба.
Палестинците, истакнувајќи дека израелската општина нема никаква правна основа за уривање на куќите, посочија дека тоа е дел од политиката на Израел за „заплашување и јудаизам“.
Израелската општина честопати ги наплатува трошоците за уривање од луѓето чија куќа е уништена.
Палестински извори соопштија дека од 1967 година над 5.000 палестински куќи во Источен Ерусалим биле урнати од израелските сили.