свет

Израелската војска соопшти дека десетици израелски цивили и војници се заложници на Хамас

- Најмалку 750 Израелци се вода за исчезнати од избувнувањето на борбите во саботата наутро

Ikrame Imane Kouachi  | 08.10.2023 - Обновена : 09.10.2023
Израелската војска соопшти дека десетици израелски цивили и војници се заложници на Хамас Фото: Илустрација / АА

КУДС (АА) - Израелската војска денес објави дека десетици израелски цивили и војници се заложници на движењето Хамас во Појасот Газа по вчерашната ескалација, пренесува Анадолу.

Портпаролот на Израелските одбранбени сили, Даниел Хагари, потврдил дека Израелци се одведени во Појасот Газа, објавија израелски медиуми.

Значителен број на израелски цивили и војници во Појасот Газа се држат како заложници на Хамас, кој масовно се инфилтрирал во Израел претходно во саботата, соопшти портпаролот, објави весникот „Haaretz“.

Бригадата Изедин Касам, военото крило на Хамас, во саботата наутро објави дека ја започнала операцијата „Aqsa Flood“ против Израел и извршила ракетни напади врз Израел од блокираниот Појас Газа, а нивните вооружени групи влегле во населбите во регионот.

Израелската војска потоа објави дека извршила напад врз Појасот Газа со десетици борбени авиони.

Најмалку 750 Израелци се водат за исчезнати откако избувнаа судири во саботата наутро, објавија локалните медиуми денес.

Медиумите во Израел објавија дека во ракетните напади врз Израел досега загинале 350, а повредени се над 1.864 лица.

Од друга страна, Министерството за здравство на Палестина објави дека во израелските авионски напади загинале 313 Палестинци, а повредени се 1.990.

Според информациите што ги објави израелската војска, Хамас од саботата наутро досега, кон Израел биле упатени над 3.000 ракети.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın