свет

Израелската армија тврди дека го убила лидерот на Хезболах Хасан Насрала

Портпаролот на израелската армија, Авичај Адраи, рече дека Насрала бил „ликвидиран“ за време на операцијата против централната команда на Хезболах лоцирана под станбена зграда во јужните предградија на Бејрут

Ikrame Imane Kouachi  | 28.09.2024 - Обновена : 28.09.2024
Израелската армија тврди дека го убила лидерот на Хезболах Хасан Насрала

АНКАРА (АА) - Израелската армија тврди дека го ликвидирала лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, во синоќешниот воздушен напад врз јужното предградие на Бејрут, пренесува Анадолу.

Во објава на X, портпаролот на израелската армија, Авичај Адраи, рече дека Насрала бил „ликвидиран“ за време на операцијата против централната команда на Хезболах лоцирана под станбена зграда во јужните предградија на Бејрут.

Адраи истакна дека воздушниот напад бил извршен по „прецизни разузнавачки информации од воената разузнавачка агенција“, за локацијата каде што раководството на Хезболах, наводно, ги координирало нападите против Израел.

Тој додаде дека операцијата резултирала и со смрт на Али Карки, лидерот на јужниот фронт на Хезболах и неколку други команданти на Хезболах.

Хезболах досега не излезе со коментар за овие тврдења.

Израел започна напади врз Либан од понеделникот утрото во кои загинаа повеќе од 700 лица, а речиси 2.200 се повредени, објави либанското Министерство за здравство.

Министерството, исто така, соопшти дека бројот на загинати во Либан од октомври минатата година изнесува 1.540, а над 77.000 се раселени од јужните и источните делови на земјата.

Хезболах и Израел разменуваат прекуграничен оган од почетокот на израелската офанзива врз Појасот Газа, во кој загинаа над 41.500 жртви, главно жени и деца.

Меѓународната заедница предупреди дека нападите врз Либан ја зголемуваат опасноста за претворање на конфликтот во Газа во регионална војна.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın