свет

Израелската армија приведе 44 Палестинци на окупираниот Западен Брег

- Приведените Палестинци со часови беа испрашувани на улица, а подоцна ослободени

Hamdi Yıldız  | 29.10.2025 - Обновена : 29.10.2025
Израелската армија приведе 44 Палестинци на окупираниот Западен Брег

ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската армија, кршејќи го прекинот на огнот и продолжувајќи со нападите врз Појасот Газа, спроведе рации во кои приведе 44 Палестинци на окупираниот Западен Брег и со часови ги испрашуваше на улица, известува Анадолу.

Според официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, повикувајќи се на безбедносни извори, израелските војници извршиле рација во бегалскиот камп Дехише, јужно од градот Витлеем.

Израелските војници влегле во голем број куќи во кампот и привеле 44 Палестинци. Приведените, кои се испрашувани со часови на улица, подоцна биле ослободени.

Израелските војници парадирале низ кампот, обидувајќи се да предизвикаат страв кај Палестинците.

Израелската армија изврши рации и во бегалскиот камп Ајде северно од Витлеем и на запад, во градот Доха.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.