Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди Јапонија
Се проценува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 409,1 километар, на околу 1.000 километри јужно од главниот град

ТОКИО (АА) - Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди денес Јапонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Геолошкиот завод на САД, земјотресот со јачина од 6,3 степени ги погодил островите Изу-Огасавара, јужно од главниот град Токио, околу 5 часот по локално време.
Се проценува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 409,1 километар.
Погодените острови се наоѓаат на околу 1.000 километри јужно од главниот град.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.