Berk Kutay Gökmen
08 Декември 2025•Ажурирај: 09 Декември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Земјотрес со јачина од 7,6 степени го потресе северниот брег на Јапонија, објави Американскиот геолошки завод, предупредувајќи го Токио да издаде предупредување за цунами и да ги советува луѓето да побараат безбедни места, извесетува Анадолу.
Земјотресот е регистриран околу 14:15 часот по Гринич (15:15 часот по средноевропско време) и е измерен на длабочина од 53,1 километар, на оддалеченост од околу 70 километри од брегот на северната префектура Аомори, соопшти Американскиот геолошки завод.
Според Јапонската метеоролошка агенција, интензитетот на земјотресот бил поголем од 6 степени според домашната јапонска скала за мерење од 0 до 7.
Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами за префектурите Аомори, Ивате, Хокаидо, како и известување за можно цунами за префектурите Мијаги и Фукушима, советувајќи ги луѓето да се евакуираат во побезбедни подрачја.
Во меѓувреме, властите ги прекинаа железничките услуги на Тохоку Шинкансен во североисточна Јапонија поради земјотресот, објави „Кјодо њуз“.