Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени ја погоди Куба
Земјотресот се случил 49 километри југозападно од Маиси, на длабочина од 11,6 километри
ВАШИНГТОН (АА) - Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени ја потресе Куба рано утринава, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS), јавува Анадолу.
Земјотресот се случил 49 километри југозападно од Маиси, на длабочина од 11,6 километри, соопшти Американскиот геолошки завод.
Нема јавувања за жртви или поголема материјална штета.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
