Земјотрес со интензитет од 6,4 степени ја потресе Индонезија
Епицентарот на земјотресот бил на 142 километри западно од градот Ниас, на длабочина од 10 километри, а потресот бил почувствуван и во подрачјата на Паданг, Западна Суматра и Аче Сингкил

КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Индонезиската провинција Северна Суматра ја потресе земјотрес со интензитет од 6,4 степени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Институтот за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија соопшти дека во градот Ниас, што се наоѓа во провинцијата Северна Суматра, утрово во 6:58 часот по локално време бил почувствуван земјотрес со интензитет од 6,4 степени.
Епицентарот на земјотресот бил на 142 километри западно од градот Ниас, на длабочина од 10 километри, а потресот бил почувствуван и во подрачјата на Паданг, Западна Суматра и Аче Сингкил.
Земјотресот не предизвика човечки жртви.