свет

Зеленски: Русија може да нападне земја членка на НАТО во рок од 5 години

- Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека Русија би можела да нападне земја членка на НАТО во рок од пет години, додавајќи дека планот на Алијансата за зголемување на трошоците за одбрана на 5 отсто од БДП е „многу бавен“

Burak Bir  | 24.06.2025 - Обновена : 26.06.2025
Зеленски: Русија може да нападне земја членка на НАТО во рок од 5 години

ЛОНДОН (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека Русија би можела да нападне земја членка на НАТО во рок од пет години, додавајќи дека планот на Алијансата за зголемување на трошоците за одбрана на 5 отсто од БДП е „многу бавен“, јавува Анадолу.

Во интервју за „Скај њуз“, емитувано денес, Зеленски рече дека верува оти Русија би можела да нападне земја членка на НАТО во рок од пет години за да го тестира член 5 - напад врз една членка на НАТО се смета за напад врз сите.

„На прашањето дали ова би можело да се случи во рок од неколку месеци, Зеленски рече дека „не верува оти (рускиот претседател Владимир Путин) е подготвен“.

„Веруваме дека, почнувајќи од 2030 година, Путин може да има значително поголеми капацитети“, истакна тој, осврнувајќи се на плановите членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на 5 % од БДП до 2035 година.

Велејќи дека на Путин „му е потребна пауза“ и дека „санкциите треба да бидат укинати“, тој додаде: „10 години е многу долго време. Тој ќе има подготвена нова армија (дотогаш)“.

За украинскиот претседател, санкциите против Русија не функционираат, бидејќи некои земји дозволуваат компоненти со двојна намена што се користат во производството на беспилотни летала и ракети сè уште да го пробиваат својот пат во Русија.

Неговите забелешки дојдоа за време на неговата посета на Лондон во понеделникот, каде што оствари разговори со британскиот премиер Кир Стармер, фокусирани на зајакнување на одбранбената соработка.

За време на посетата, Велика Британија и Украина потпишаа „значаен договор“ за делење на технологија на бојното поле.

Договорот ќе го зголеми производството на беспилотни летала во Украина и ќе ја поврзе одбранбената индустрија на Велика Британија „со најсовремената технологија што се развива на линиите на фронтот во Украина“, се вели во соопштението на Кабинетот на британскиот премиер.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.