Најмалку 7 лица се убиени, 22 повредени во руски воздушен напад врз Киев
- Украинските власти денес соопштија дека најмалку седум лица се убиени, а 22 други се повредени во ноќен руски воздушен напад врз главниот град Киев
ИСТАНБУЛ (АА) - Украинските власти денес соопштија дека најмалку седум лица се убиени, а 22 други се повредени во ноќен руски воздушен напад врз главниот град Киев, јавува Анадолу.
„Дваесет и две лица се повредени во непријателскиот ноќен напад врз главниот град. Во моментов, 12 се хоспитализирани, додека другите добија медицинска помош на самото место. Засега е потврдено дека шест лица се убиени“, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм.
Кличко додаде дека нападот предизвикал голема штета на петкатна зграда во населбата Шевченкивски, каде што и натаму траат потрагата и спасувачките операции.
Кличко додаде дека експлозивниот бран оштетил и станови во 25-катна станбена зграда во близина.
Тој додаде дека штети на простории и приватни станбени згради се регистрирани и во киевските области Соломијански, Дарницки, Свјатошински, Подилски и Холосиевски.
„По нападите врз иранските нуклеарни објекти, Москва гласно ги осуди тие акции. Денес, Москва молчи, иако руската Армија изврши целосно циничен напад врз цивилната инфраструктура во Киев и други наши градови со руско-иранските беспилотни летала ‘Шахед’ и ракети“, рече Зеленски.
Тој додаде дека уште едно лице е убиено во градот Била Церква, во регионот околу Киев, откако беспилотно летало погодило болница.
Според првичните информации, Зеленски тврди дека во нападот врз Киев биле употребени и балистички ракети од Северна Кореја.
Украинските воздушни сили соопштија на Телеграм дека се соборени 146 од вкупно 352 беспилотни летала што ги лансирала Русија, како и 12 од 16 ракети што биле истрелани во текот на ноќта.
„Главната насока на нападот беше градот Киев!“, се вели во соопштението.
Руските власти веднаш не ги коментираа тврдењата на Украина.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
