свет

Здравствената агенција на ЕУ предупредува на влошување на состојбата со коронавирусот

„Сè уште има премногу поединци изложени на ризик од тешко заразување со Ковид-19, кои треба да ги заштитиме што е можно поскоро. Треба итно да се фокусираме на затворање на овој имунитетен јаз...“

Seda Sevencan   | 25.11.2021
Здравствената агенција на ЕУ предупредува на влошување на состојбата со коронавирусот

БРИСЕЛ (АА) - Ситуацијата со коронавирусот ќе се влоши во Европската Унија (ЕУ) во следните два месеци, доколку Блокот не воведе нови мерки и не ја зголеми стапката на вакцинација, предупреди во средата директорката на Агенцијата за јавно здравје на ЕУ, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според последните предвидени сценарија од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), ширењето на варијантата делта ќе наметне големо оптоварување на европските општества доколку владите не воведат построги мерки за јавно здравје и не ја зголемат вакцинацијата на вкупното население.

ЕЦДС исто така предвидува дека голем број од новохоспитализираните луѓе ќе бидат оние коишто не се вакцинирани.

„Сè уште има премногу поединци изложени на ризик од тешко заразување со Ковид-19, кои треба да ги заштитиме што е можно поскоро. Треба итно да се фокусираме на затворање на овој имунитетен јаз, да понудиме бустер дози за сите возрасни и повторно да воведеме нефармацевтски мерки“, изјави директорката на ЕЦДС, Андреа Амон.

Приближно 70 отсто од возрасната популација на Блокот е вакцинирана, што „дава доволно простор за ширење на вирусот“, рече таа, и ги повика владите да пристапат до оние кои не се вакцинирале пред зимската празнична сезона.

Таа исто ги повика земјите да аплицираат бустер дози на возрасните над 18 години, давајќи им приоритет на постари од 40 години, отстапувајќи од препораката на ЕЦДЦ во септември, во која не се гледа „итна потреба“ да се дадат бустер дози на целосно вакцинирани и здрави возрасни лица.

„ЕУ се справува со пандемија на невакцинираните“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, при што ја нагласи важноста на вакцинирањето.

Според најновите статистички податоци од извршното тело на ЕУ, повисоката стапка на вакцинација директно е во корелација со пониските стапки на смртност во земјите на ЕУ.

Бугарија и Романија имаат најниска стапка на вакцинација меѓу земјите на ЕУ, при што во Бугарија со 29 отсто од возрасните кои се целосно вакцинирани, во ноември се забележани 325 смртни случаи на 1 милион жители, а во Романија со 43 отсто од популацијата целосно вакцинирана, забележани се 267 смртни случаи на 1 милион жители.

Спротивно на тоа, Ирска и Португалија се со највисоки стапки на вакцинација. Во Ирска со 93 отсто од популацијата која е целосно вакцинирана, забележани се 15 смртни случаи на 1 милион жители, а во Португалија со 92 отсто од целосно вакцинираните, забележани се 10 смртни случаи на 1 милион жители.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın