свет

Занзибар, островот на зачините, со бел песок и тиркизно син океан

Во последно време Занзибар стана популарна туристичка дестинација што ја посетуваат туристи од целиот свет, по сафарито во Серенгети

Vesna Besiç  | 23.08.2018 - Обновена : 25.08.2018
Занзибар, островот на зачините, со бел песок и тиркизно син океан Mahmut Serdar Alakuş/AA

Zanzibar

ЗАНЗИБАР (АА) - Богатата историја, зачините, плажите со бел песок и синиот океан се одлики на Занзибар, остров во Танзанија на источната страна на Африка, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во последно време стана популарна туристичка дестинација што ја посетуваат туристи од целиот свет, по сафарито во Серенгети.

Често го нарекуваат и остров на зачините поради различните видови зачини што се одгледуваат на островот. Уште од дамнина бил важен за трговијата.

Стоун Таун, стариот дел на денес главниот град Занзибар Сити, некогаш беше центар за трговија со слонова коска и различни зачини.

Занзибар долго време беше независна африканска држава, која и по обединувањето со Тангањика во 1964 година ја задржа регионалната автономија.

Фоторепортерот на АА забележа една од плажите на овој архипелаг, кој е дом на околу милион жители.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın