свет

ЕУ сѐ уште неодлучна за ситуацијата во Венецуела

Портпаролката на Европската комисија, Коцијанчиќ, на денешната конференција беше запрашана кого ЕУ го смета за претседател на Венецуела, а како одговор само го прочита синоќешното соопштение на европската комесарка Могерини

Şerife Çetin  | 24.01.2019 - Обновена : 24.01.2019
ЕУ сѐ уште неодлучна за ситуацијата во Венецуела

Brisel

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија сѐ уште не зазеде единствен став за тоа кого го смета за претседател на Венецуела, јавува Anadolu Agency (AA).

Опозицијата во Венецуела не ја признава власта на претседателот на оваа земја, Николас Мадуро, а синоќа челникот на опозицијата и Парламентот на оваа земја, Хуан Гваидо, самиот се прогласи за привремен претседател на земјата.

Мадуро тврди дека станува збор за обид за државен удар кој Соединетите Американски Држави (САД) го поддржуваат и отворено застануваат на страна на опозицијата и Гваидо.

Европската Унија сѐ уште нема јасен став за тоа кого ќе го смета за лидер на Венецуела.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, на денешната конференција беше запрашана кого ЕУ го смета за претседател на Венецуела, а како одговор само го прочита синоќешното соопштение на европската комесарка за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Истакнувајќи дека ЕУ внимателно ја следи ситуацијата во Венецуела, Коцијанчиќ повтори дека Брисел повикува на одржување нови избори во Венецуела и го поддржува Парламентот на оваа земја.

На прашањето дали поддршката на Парламентот значи поддршка за Гваидо, кој се прогласи за претседател на Венецуела, Коцијанчиќ не одговори.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.