ЕУ со Северна Македонија и Албанија потпиша нови договори за борба против тероризмот
Договорите, во рамките на Заедничкиот акционен план за борба против тероризмот за Западен Балкан, ќе ги идентификуваат приоритетните области на активности и ќе го отворат патот за помош од Унијата

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) со Северна Македонија и Албанија потпиша договори за борба против тероризмот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Договорите беа потпишани во Брисел од страна на еврокомесарот за миграции, Димитрис Аврамопулос, албанскиот министер за внатрешни работи, Сандер Лешај и министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски.
Договорите потпишани меѓу ЕУ и земјите од регионот, во рамките на Заедничкиот акционен план за борба против тероризмот за Западен Балкан ќе ги идентификуваат приоритетните области на активности и ќе го отворат патот за помош од Унијата.
Според договорот, информациите ќе бидат разменети меѓу договорените страни.
Аврамопулос, во изјавата за медиумите по церемонијата рече дека на Западен Балкан за првпат со Северна Македонија и Албанија потпишале договори за борба против тероризмот.
Аврамопулос, исто така истакна дека во рамките на договорите ќе ја зголемат соработката и во областите на насилниот екстремизам, враќањето на странските терористички борци во Европа, финансискиот тероризам и борбата против перењето пари.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.