Beyza Binnur Dönmez
12 Септември 2025•Ажурирај: 12 Септември 2025
ЖЕНЕВА (АА) - Европската Унија (ЕУ) ги прошири санкциите за Русија и се подготвува да го имплементира 19. пакет рестриктивни мерки, потврди денес шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, пренесува Анадолу.
Во објавата на американската платформа за социјални медиуми X, Калас го објави проширувањето на санкциите, додавајќи дека ЕУ ја финализира работата за дополнителни санкции насочени кон ограничување на извозот на руска нафта и кон финансиските институции. Новиот пакет треба да вклучува мерки против танкерите за нафта во сенка и други субјекти што ја олеснуваат трговијата со нафта на Русија.
„Тукушто ги проширивме нашите санкции кон Русија“, напиша Калас. „Во исто време ја финализираме работата на 19. пакет - разгледувајќи дополнителни ограничувања на продажбата на руска нафта, танкерите за нафта во сенка и банките.“
Калас ја нагласи посветеноста на ЕУ за заострување на економскиот притисок врз Москва, наведувајќи: „Ќе продолжиме да ги ‘задушуваме’ парите за војната на Путин“, осврнувајќи се на тековните воени дејства на Русија во Украина.