свет

Ерменија соопшти дека првата пратка азербејџанско гориво влегла во земјата преку Грузија

- „Можеби ова е првата трговско-економска трансакција меѓу Ерменија и Азербејџан не само по мирот воспоставен меѓу двете земји, туку и по независноста воопшто“

Burç Eruygur  | 19.12.2025 - Обновена : 20.12.2025
Ерменија соопшти дека првата пратка азербејџанско гориво влегла во земјата преку Грузија

ИСТАНБУЛ

Ерменија денес соопшти дека првата пратка азербејџанско гориво влегува во земјата преку соседна Грузија, јавува Анадолу.

Министерот за економија Геворг Папојан преку американската компанија за социјални медиуми Фејсбук соопшти дека воз од 22 вагона „што носат 1.300 тони бензин А95 од азербејџанско потекло“ моментно ја преминуваат границата со соседна Грузија.

Тој истакна дека возот влегува во Ерменија преку железничката станица во градот Ајрум.

„Можеби ова е првата трговско-економска трансакција меѓу Ерменија и Азербејџан не само по мирот воспоставен меѓу двете земји, туку и по независноста воопшто“, додаде Папојан.

Изјавата на министерот доаѓа само еден ден откако азербејџанската државна новинска агенција Азертак објави дека Државната нафтена компанија на Азербејџан (SOCAR) првпат испорачува домашно произведени нафтени производи во Ерменија.

Се вели дека 1.220 тони гориво во 22 железнички вагона било пратено од терминал во Баку, а горивото се транспортирало до соседна Грузија, преку која ќе биде испорачано во Ерменија.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан вчера го поздрави развојот на настаните.

„Трговијата се одвива меѓу приватни компании. Но, секако, токму мирот воспоставен меѓу Ерменија и Азербејџан ги создаде политичките услови за оваа трговија“, изјави Пашинјан, цитиран од ерменската државна новинска агенција „Арменпрес“.

Во октомври, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев објави дека Баку ги укина сите ограничувања за транзит на карго кон Ерменија, што беше поздравено од Пашинјан како „исклучително важна најава“.

Двете соседни земји од Јужен Кавказ потпишаа декларација на трилатералниот самит во Белата куќа во август, заедно со американскиот претседател Доналд Трамп, за ставање крај на деценискиот конфликт, со обврски за прекин на непријателствата, повторно отворање на транспортните патишта и нормализирање на односите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.