Ердоган: „Не треба да се дозволи вирусот дополнително да ги продлабочи неправдите во светот"
„Ковид-19 уште еднаш не потсети дека навистина сме едно големо семејство кои ја делиме заедничка судбина и иднина“, истакна турскиот претседател Ердоган
АНКАРА
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека вакцинирањето против коронавирусот (Ковид-19) треба да биде заедничко средство за целото човештво и да се произведе во соодветна количина за сите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во видео-порака објавена за Глобалниот самит за вакцинација 2020 одржан во Лондон, Ердоган рече дека не треба да се дозволи пандемијата на Ковид-19 дополнително да ги продлабочи неправдите и поделбите во светот.
„Нема сомнение дека достапноста на вакцината за човештвото во целина и нејзиното производство во соодветни количини за сите се суштински како и за нејзиниот развој“, нагласи Ердоган.
„Ковид-19 уште еднаш не потсети дека навистина сме едно големо семејство кои ја делиме заедничка судбина и иднина“, додаде турскиот претседател.
Ердоган информираше дека Турција испратила различна медицинска опрема во целиот свет во име на глобалната солидарност.
Турскиот претседател истакна дека не треба да се дозволи пандемијата и понатаму да ги вдлабочува неправдите во светот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.