свет

Десетици илјади демонстранти маршираа по Сиднејскиот мост во знак на поддршка за Палестина

- Демонстрантите, носејќи палестински знамиња и транспаренти, маршираа по еден од најпознатите симболи на Сиднеј – Сиднејскиот заливски мост – испраќајќи порака за солидарност, мир и правда.

Aida Cako  | 04.08.2025 - Обновена : 04.08.2025
Десетици илјади демонстранти маршираа по Сиднејскиот мост во знак на поддршка за Палестина

СКОПЈЕ (AA) – И покрај лошите временски услови и обилниот дожд, десетици илјади луѓе се собраа вчера на масовен протест во Сиднеј, Австралија, изразувајќи солидарност со палестинскиот народ и повикувајќи на прекин на израелските напади врз Појасот Газа, јавува Анадолу.

Демонстрантите, носејќи палестински знамиња и транспаренти, маршираа по еден од најпознатите симболи на Сиднеј – Сиднејскиот заливски мост – испраќајќи порака за солидарност, мир и правда.

Протестот беше организиран како дел од глобалната кампања за поддршка на Палестина, а присутните упатија повик до австралиската Влада за признавање на палестинската држава.

Протестот се одвиваше под силно полициско обезбедување и помина мирно. Организаторите ја нагласија важноста на одржувањето вакви настани на видливи и симболични места, со цел гласот на граѓаните да стигне подалеку и да поттикне конкретни дејства на меѓународно ниво.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.