свет

Дански медиуми: Данска испраќа воена опрема и трупи во Гренланд

На Гренланд веќе е испратена команда за да се подготви логистиката и инфраструктурата за евентуалното пристигнување на поголеми дански и сојузнички сили

Aysu Biçer  | 14.01.2026 - Обновена : 14.01.2026
Дански медиуми: Данска испраќа воена опрема и трупи во Гренланд

ЛОНДОН (АА) - Данска започна со распоредување воена опрема и трупи во Гренланд, во услови на зголемени тензии околу стратешката важност на арктичкиот остров и обновената реторика од Соединетите Американски Држави (САД), јавуваат данските медиуми, пренесува Анадолу.

На Гренланд веќе е испратена команда за да се подготви логистиката и инфраструктурата за евентуалното пристигнување на поголеми дански и сојузнички сили, објави денес локалниот јавниот сервис ДР.

Улогата на единицата вклучува обезбедување на објектите и линиите за снабдување да се подготвени да ги примат главните сили во подоцнежна фаза.

Се очекува засилувањето да вклучува војници од единиците на данската Армија, со цел зајакнување на присуството на Данските вооружени сили на островот.

Сепак, голем дел од преостанатиот борбен капацитет на Данска во моментов е врзан со обврските на НАТО во балтичките држави.

Гренланд, самоуправна територија во рамките на Кралството Данска, го привлече интересот на САД поради својата стратешка локација и огромните минерални ресурси.

Данска и Гренланд ги отфрлија предлозите за продажба на територијата, потврдувајќи го данскиот суверенитет над островот.

Вчера, данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен ги потврди плановите за посилно и потрајно воено присуство во Гренланд.

„Сега продолжуваме со целото прашање за потрајно поголемо присуство на Гренланд од данската одбрана, но и со учество на други земји“, изјави тој на новинарите. „Исто како што бевме во 2025 година, каде што видовме дека има и други земји од НАТО кои учествуваат во вежби и обуки во Гренланд, ќе го видиме ова и во 2026 година.“

Во неделата, Трамп рече дека САД мора да го „преземат“ Гренланд за да спречат преземање на островот од страна на Русија или Кина. Тој претходно го опиша поседувањето на Гренланд како „апсолутна неопходност“ за економската безбедност на САД, споредувајќи го со „голем договор за недвижнини“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın