свет

Грчкиот парламент го одобри купувањето на воените авиони од типот „Рафал“ од Франција

- На парламентарната седница беше усвоен овој нацрт закон за купување на 18 воени авиони, од кои 6 нови и 12 половни, кои ќе чинат 2,5 милијарди евра.

Tevfik Durul   | 15.01.2021
Грчкиот парламент го одобри купувањето на воените авиони од типот „Рафал“ од Франција

АТИНА 

Грчкиот парламент го усвои нацрт-законот кој предвидува купување на 18 воени авиони од типот „Рафал“ од Франција, јавува Агенција Анадолија (АА).

На парламентарната седница беше усвоен овој нацрт закон за купување на 18 воени авиони, од кои 6 нови и 12 половни, кои ќе чинат 2,5 милијарди евра.

Министерот за одбрана на Грција, Никос Панајотупулос, по гласањето тврди дека овој нацрт-закон кој помина од парламентот „праќа јасна порака кон секоја насока“.

Се вели дека првата испорака од Франција ќе биде извршена во јули, додека испораката на сите 18 авиони ќе трае до средината на 2023 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın