свет

Грција нема намера да се вклучи во војната во Персискиот Залив, порача шефот на дипломатијата Герапетритис

„Грција се залага за универзалната примена на меѓународното право, почитувањето на правата на цивилите и, секако, враќањето на дипломатијата наместо војната“

Ahmet Gençtürk  | 16.03.2026 - Обновена : 19.03.2026
Грција нема намера да се вклучи во војната во Персискиот Залив, порача шефот на дипломатијата Герапетритис

АТИНА (АА) - Грција нема намера да се вклучи во тековната војна во Персискиот Залив, изјави денес грчкиот министер за надворешни работи, Ѓоргос Герапетритис, јавува Анадолу.

Говорејќи пред почетокот на состанокот на Советот за надворешни работи на Европската Унија (ЕУ) во Брисел, Герапетритис додаде: „Грција во принцип се залага за универзалната примена на меѓународното право, почитувањето на правата на цивилите и, секако, враќањето на дипломатијата наместо војната“.

„Се подразбира дека во овие моменти, кои се исклучително критични и каде што последиците можат да бидат енормни – не само геополитички, туку и економски и еколошки за Медитеранот – Европа мора да биде на висина на задачата и да преземе водечка улога“, истакна тој.

Герапетритис, исто така, стави посебен акцент на почитувањето на меѓународното право на морето, со цел да се обезбеди слободно движење на сите бродови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.