Германија се противи на вооружувањето на курдските групи против Иран
- Портпаролот на Министерството за надворешни работи предупреди дека натамошното ширење и ескалација на овој конфликт би било многу опасно за регионот
БЕРЛИН (AA) - Германија се противи на наводните планови на САД да ги вооружат курдските групи по должината на ирачката граница за да поттикнат народно востание и да го соборат режимот во Иран, пренесува Анадолу.
Говорејќи на прес-конференцијата во Берлин, портпаролот на Министерството за надворешни работи, Мартин Гизе, предупреди дека натамошното ширење и ескалација на војната со Иран би било многу опасно за регионот.
„Ирачката Влада прави сè што е можно за да го задржи Ирак колку што е можно подалеку од тековниот конфликт“, рече тој. „Силно ги поздравуваме овие напори бидејќи со вклучувањето други држави или актери дополнително би се загрозила регионалната стабилност.“
Гизе, исто така, истакна дека лидерите на регионалната Влада на ирачките Курди неодамна објавила соопштение во кое најавиле дека ќе продолжат со напорите да останат на дистанција од конфликтот. Тој додаде дека иранските курдски опозициски партии, исто така, ги негирале овие шпекулации.
Претходно во средата, Си-ен-ен објави дека ЦИА развива планови за обезбедување воена поддршка за курдските групи по должината на иранско-ирачката граница за копнена операција во Западен Иран. Администрацијата на Трамп наводно одржала разговори со ирански опозициски групи и курдски лидери во Ирак за можен трансфер на оружје.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
