свет

Германија: Бројот на жртви во вооружениот напад во Ханау се искачи на 9 лица

Според непотврдени информации, во нападот животот го загубиле 5 Турци

Cüneyt Karadağ   | 20.02.2020
Германија: Бројот на жртви во вооружениот напад во Ханау се искачи на 9 лица Фото: АА/Архива

БЕРЛИН (АА) - Во германскиот град Ханау извршен е вооружен напад во две кафетерии, при што напаѓачот усмрти 9 лица, јавува Агенција Анадолија (АА)

- Министерот Бојт: „Ксенофобијата мотив на напаѓачот во Ханау“ -

Во соопштението што го објави полицијата на Хесен е соопштено дека се извршени вооружени напади во две кафетерии во местото Ханау, во близина на градот Франкфурт, во 22:00 часот по локално време.

Во нападот животот го загубија 9 лица, а ранети се 5 лица.

Изјава за Германската новинска агенија ДПА (DPA) дал потпаролот на полицијата, кој информирал дека тимот за специјални операции упаднал во домот на лицето за кое се сомневале дека го извршило нападот. При упадот полицијата пронашла две тела, од кои едното е на лицето за кое постои сомневање дека го извршило нападот.

Со овие две жртви, бројот на починати во Ханау изнесува 11.

Инаку германскиот весник „Билд“ утрово објави дека напаѓачот што синоќа во градот Ханау уби 9 лица е радикалниот десничар Тобијас Р.

Според непотврдени информации, во нападот животот го загубиле 5 Турци.

Штефен Зајберт, портпаролот на Владата на Германија, преку својот профил на социјалните мрежи им изрази сочувство на семејствата на починатите и истакна дека германската Влада стои покрај нив, а на ранетите им посака брзо заздравување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın