свет

Министерот Бојт: „Ксенофобијата мотив на напаѓачот во Ханау“

„Според првичните информации, мотивот на напаѓачот постапил е ксенофобијата“, изјави Петер Бојт, остро осудувајќи го нападот

Erbil Başay   | 20.02.2020
Министерот Бојт: „Ксенофобијата мотив на напаѓачот во Ханау“

БЕРЛИН (АА) - Министерот за внатрешни работи на германската сојузна покраина Хесен, Петер Бојт, истакна дека ксенофобијата е мотивот на напаѓачот којшто изврши екстремнодесничарски терористички напад во градот Ханау, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во својата изјава, Бојт рече дека 9 лица ги загубиле своите животи во вооружениот напад што се случи синоќа, а голем број се повредени, од кои едно лице потешко.

Истакнувајќи дека тие со информации за можниот напаѓач се здобиле преку изјави на сведоци и видеа по инцидентот,Бојт рече дека подоцна во домот на сторителот се пронајдени мртви 43-годишниот сторител и неговата 72-годишна мајка.

Бојт наведе дека напаѓачот е Германец кој живеел во градот Ханау.

„Според првичните информации, мотивот на напаѓачот постапил е ксенофобијата“, изјави Бојт, остро осудувајќи го нападот.

Тој исто така соопшти дека Федералното јавно обвинителство започнало истрага за настанот под сомнение за терористички напад.

Петер Бојт упати сочувство до семејствата на убиените.

Девет лица, меѓу кои има и Турци, загинаа во синоќешниот вооружен напад во Ханау, Германија.

Во операцијата организирана од тимот за специјални операции, екстремниот десничарски терорист Тобијас Р. беше пронајден мртов во неговиот дом.

Наведено е дека напаѓачот Тобијас Р. имал дозвола за лов, а подоцна е пронајдено и писмо и негова видео порака.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın