Геомагнетна бура предизвика поларна светлина над Исланд
Поларната светлина беше јасно видлива дури и од центарот на Рејкјавик, што е ретка појава за главниот град, додека светлосните завеси се движеа низ небото во текот на ноќта
РЕЈКЈАВИК (AA) – Моќна геомагнетна бура предизвика спектакуларна појава на полнарна светлина над Исланд вчера, осветлувајќи го ноќното небо со интензивни зелени и виолетови нијанси, јавува Анадолу.
Поларната светлина беше јасно видлива дури и од центарот на Рејкјавик, што е ретка појава за главниот град, додека боите се движеа низ небото во текот на ноќта.
Поларната светлина се појави и околу познатата катедрала „Халгримскиркја“, создавајќи впечатливи сцени во срцето на исландската престолнина и привлекувајќи големо внимание.
Жителите и туристите се собраа во центарот на градот за да го проследат реткиот небесен спектакл, кој ја осветли темнината и создаде незаборавна глетка над Рејкјавик.
