Генералниот секретар на НАТО пристигна во ненајавена посета на Киев
„Плоштад Мајдан. Народен споменик на националното сеќавање. Споменик на споменот нa нашите херои, војници, нашиот народ кој ја бранеше Украина од непријателот. Заедно со Марк Руте оддадовме почест на споменот на паднатите украински бранители“
МОСКВА (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес пристигнал во ненајавена посета на Киев, пренесува Анадолу.
Зеленски на социјалните мрежи објави видео од себе и Руте како положуваат цвеќе на Народниот споменик на национално сеќавање во украинската престолнина.
„Плоштад Мајдан. Народен споменик на националното сеќавање. Споменик на споменот на нашите херои, војници, нашиот народ кој ја бранеше Украина од непријателот, се бореше и го даде највредното нешто во оваа војна. Заедно со Марк Руте, денес тука оддадовме почест на споменот на паднатите украински бранители“, рече тој.
Украинските медиуми објавија дека Руте потоа го посетил Парламентот, Врховната рада, за да се обрати пред пратениците.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
