свет

Во Франција 10.000 деца биле изложени на сексуално злоставување во црквите

Податоците во извештајот презентиран од претседателот на Комисијата за истрага на сексуално злоставување во црквите (CIASE), Жан-Марк Сов, се добиени од архивата на епископијата и сведоците.

Alaattin Doğru  | 02.03.2021 - Обновена : 03.03.2021
Во Франција 10.000 деца биле изложени на сексуално злоставување во црквите

ПАРИЗ

Комисијата за истрага на сексуално злоставување во црквите (CIASE) соопшти дека во Франција од 1950 година во црквите на сексуално злоставуваање биле изложени повеќе од 10.000 деца, јавува Агенција Анадолија (AA).

Податоците во извештајот презентиран од претседателот на Комисијата за истрага на сексуално злоставување во црквите (CIASE), Жан-Марк Сов, се добиени од архивата на епископијата и сведоците.

Во извештајот стојат изјавите на 6.500 луѓе собрани од Истражната комисија. Исто така во извештајот се вклучени жртвите што ги загубиле своите животи и оние што биле сексуално злоупотребени, а не сакале да зборуваат.

Во извештајот се забележува дека повеќе од 10.000 деца во земјата биле жртви на свештениците педофили од 1950 година до денес.

Кога беше основана Комисијата за истрага на сексуално злоставување во црквите (CIASE) во 2018 година, се наведува дека бројките на жртвите на злоупотреба може да биле околу 3.000.

Сов во јуни минатата година истакна дека бројот на свештеници педофили може да биде повеќе од 1.500.

Конечната верзија на извештајот ќе биде објавена во октомври.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.