свет

Во САД одржани протести поради израелското насилство во Газа

Израелскиот амбасадор во САД, Рон Дермер, синоќа допатува во Чикаго, а тоа беше повод за собирање на повеќе од 100 демонстранти пред синагогата „Anshe Emet“ во местото Лејк Вју

Bilgin S. Şaşmaz  | 06.06.2018 - Обновена : 06.06.2018
Во САД одржани протести поради израелското насилство во Газа

Chicago

ЧИКАГО (АА) - Со зголемени безбедносни мерки во американскиот град Чикаго синоќа беа одржани протести поради насилството на израелските безбедносни сили врз палестинските демонстранти, новинари и медицинскиот персонал на границата на Газа, јавува Anadolu Agency (AA).

Израелскиот амбасадор во САД, Рон Дермер, синоќа допатува во Чикаго, а тоа беше повод за собирање на повеќе од 100 демонстранти пред синагогата „Anshe Emet“ во местото Лејк Вју.

Демонстрантите го обвинија Израел за „геноцид“ врз Палестинците, а според палестинските знамиња на собирот се истакнати и фотографии на убиените Палестинци, вклучувајќи ја и убиената волонтерка и медицинска сестра Резан ал Наџар.

На протестите учествуваа и повеќе Евреи, како и претставници на голем број заедници во Америка.

„Стоп за окупацијата на Палестина“, „Палестина ќе биде слободна“, „Без правда нема ни мир во Светата земја“, беа некои од пораките кои демонстрантите ги истакнаа за време на собирот кој помина со зајакнати безбедносни мерки, но без инциденти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın