Во пад на авион во Јордан загинаа двајца пилоти
- Војската на Јордан како причина за падот на авионот наведе техничка грешка

АМАН (АА) - Двајца воени пилоти загинаа денес во авионска несреќа што се случи во северниот дел на Јордан, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека авионот се урнал во текот на мисија за обука во Ар Рамта, во близина на границата со Сирија. Како причина за несреќата се наведува техничка грешка.
Претставници на јорданската Војска изразија сочувство до семејствата на загинатите пилоти.